Три нови странски инвестиции во јуни

Bez autora
Jun 03 2014

Во Македонија доаѓаат германска и американска компанија кои ќе инвестираат во некоја од слободните зони.. Виктор Мизо вели дека во јуни ќе има посети од повеќе компании кои се пред конечната одлука да стартуваат со изградба на фабрика. Во разговорите со Владата речиси сите потврдиле дека производството во индустриските зони ќе треба да го стартуваат најкасно до крајот на следната година. Започнувајќи од утре веќе имаме конфирмирано голем број посети во рамките на месец јуни на компании пред се од Германија, САД и Италија. Со тие компании веќе подолго време сме во контакт и тие доаѓаат за да извршат последна анализа на Македонија бидејќи во периодот, некаде до крајот на летото треба да се донесат конкретни одлуки за започнување на инвестициски проекти, бидејќи сите овие компании имаат потреба да имаат функционални компании до крајот на 2015 година.

Три нови странски инвестиции во јуниВо Македонија доаѓаат германска и американска компанија кои ќе инвестираат во некоја од слободните зони.. Виктор Мизо вели дека во јуни ќе има посети од повеќе компании кои се пред конечната одлука да стартуваат со изградба на фабрика. Во разговорите со Владата речиси сите потврдиле дека производството во индустриските зони ќе треба да го стартуваат најкасно до крајот на следната година, пренесува Сител.

- Започнувајќи од утре веќе имаме конфирмирано голем број посети во рамките на месец јуни на компании пред се од Германија, САД и Италија. Со тие компании веќе подолго време сме во контакт и тие доаѓаат за да извршат последна анализа на Македонија бидејќи во периодот, некаде до крајот на летото треба да се донесат конкретни одлуки за започнување на инвестициски проекти, бидејќи сите овие компании имаат потреба да имаат функционални компании до крајот на 2015 година. Во следниот период ќе се работи на реализирање на инвестициите кои беа најавени во изминатите три месеци. Тука пред се би ги споменал КСС во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид, италијанската компанија Тијатек во Скопје, како и инвестицијата на турско-кинеската компанија ВЕИБО во Ранковце, изјави Мизо вчера за Сител.

Мизо вели дека поголем прилив на средства како странски капитал во државава се очекува во втората половина од годинава. Слично предвидуваат и експертите кои сметаат дека Македонија веќе е препознаена бизнис дестинација пред се поради направените реформи кои се одлично рангирани од речиси сите меѓународни институции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik